Меко, воздушесто и неодоливо вкусно млечно печиво кое совршено се комбинира со појадок, кафе или чај. Благодарение на млекото и путерестиот вкус, ова печиво останува меко и свежо долго време.
Потребни состојки:
- 370 грама брашно
- 150 мл топло млеко
- 100 грама путер/маргарин
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 кесичка сув квасец
- 1 жолчка
За премачкување
- 1 јајце
- сусам за наросување
Подготовка: Во длабок сад измешајте ги брашното, солта, шеќерот и сувиот квасец. Додадете го растопениот путер/маргарин и жолчката, а потоа постепено налевајте го топлото млеко и замесете меко и мазно тесто кое не се лепи на рацете. Покријте го тестото и оставете го да нарасне додека не го удвои својот волумен.
На лесно набрашнета работна површина кратко премесете го тестото и поделете го на десетина еднакви делови. Од секој дел оформете топче, а потоа малку развлечете го, оформете го по желба.
Наредете ги печивата во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги и оставете ги да одморат уште 20 минути. Премачкајте ги со изматено јајце, наросете со сусам по желба и печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 25 минути, или додека не добијат убава златно-кафеава боја. По печењето, покријте ги со чиста памучна крпа и оставете ги неколку минути да омекнат.
Послужете ги топли и уживајте во нивната мека и млечна структура.
МИА


