Оклахома прва до 40.та сезонска победа во НБА лигата

Екипата на Оклахома Сити е првата која сезонава во НБА лигата стигна до победата број 40. Кошаркарите на овој тим ноќеска со 106:97 ја победија Минесота и ја задржаа водечката позиција во пласманот на Западната конференција со 78,4% успешност.

Сепак и покрај тоа што има две победи помалку, најдобар скор во лигата во моментов има лидерот на Истокот, екипата на Индијана (79,2%) која покрај 38.те победи има 10 загубени натпревари или еден помалку од Оклахома.

Резултати на 12 НБА натпревари одиграни ноќеска: Кливленд – ЛА Лејкерс 108:119, Филаделфија – Бостон 108:114, Вашингтон – Сан Антонио 118:125 (по две продолженија), Орландо – Детроит 112:98, Њујорк – Портланд 90:94, Хјустон – Феникс 122:108, Мемфис – Далас 96:110, Њу Орлеанс – Атланта 105:100, Оклахома Сити – Минесота 106:97, Денвер – Милвоки 110:100, Сакраменто – Торонто 109:101 и ЛА Клиперс – Мајами 112:116.

Вечерва се играат само два натпревара: Бруклин – Сан Антонио и Голден Стејт – Чикаго.

Пласман Источна конференција: Индијана 38-10 (победи-порази), Мајами 35-13, Торонто 26-23, Атланта 25-23, Вашингтон 24-24, Чикаго 24-24, Бруклин 21-25, Шарлот 22-28,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 40-11, Сан Антонио 36-13, Портланд 35-14, ЛА Клиперс 34-18, Хјустон 33-17, Голден Стејт 29-20, Феникс 29-20, Далас 29-21,…

]]>

Најчитани вести