Рома со предност по првиот куп-натпревар со Наполи

Фудбалерите на Рома во ефикасен дуел остварија предност од 3:2 по првата средба од полуфиналето на „Копа Италија“ против Наполи.

Головите на синоќешниот натпревар одигран на „Олимпико“ во Рим за домаќините ги постигнаа Жервињо 13 и 88.минута и Кевин Стротман во 32.минута. Наполи во 47.минута со автоголот на Де Санктис намали на 2:1, а во 70.минута имаше нерешен резултат кога мрежата на Рома ја затресе Дрис Мертенс.

Претходно се одигра и првиот натпревар од другото полуфинале. Во Удине, Удинезе оствари предност од 2:1 против Фиорентина.

Реваншот во Фиренца е закажан за 11 февруари, а ден подоцна (12 февруари) во Неапол ќе се игра возвратниот дуел од второто полуфинале во италијанскиот куп.

]]>

Најчитани вести