На повидок „Ел Класико“ во финалето на шпанскиот куп

Голема е веројатноста во финалето на фудбалскиот Куп на Шпанија да играат лутите ривали Реал Мадрид и Барселона, откако во синоќешните први полуфинални мечеви забележаа сигурни победи против своите ривали.

Реал во дербито на Мадрид го совлада Атлетико со 3:0. Стрелци на головите за екипата која ја имаше улогата на домаќин беа Пепе (17.минута), Хесе Родригез (57) и Анхел ди Мариа (73).

На првата средба од другата полуфинална пресметка, Барселона на „Камп Ноу“ со 2:0 го победи Реал Сосиедад. За Каталонците погодија Бускетс во 44.минута и Зубикараи (автогол во 60.минута).

Реваншот во Мадрид ќе се одигра на 11 февруари, а Сосиедад ќе ја пречека Барселона на 12 февруари.

]]>

Најчитани вести