Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне на прашањето за шансите на неговиот клуб да ја освои титулата во Примера одговори дека ќе се обидат да го направат тоа, но поголеми фаворити според него се Реал и Барселона.
– Ќе се обидеме, но мислам дека ќе биде многу тешко да ја освоиме лигата. Нашето мото е „молчи и работи“ и не можам да верувам во нешто што не е реално. Ако ги погледнеме резултатите во минатото ќе видиме дека во најдобар случај завршувавме со 15, 20 или 30 бодови заостаток во однос на шампионот, изјави Симеоне за шпанските медиуми.
Оваа изјава на тренерот на Атлетико Мадрид доаѓа во време кога тимот е лидер во првенството пред големите конкуренти Реал Мадрид и Барселона.
Симеоне се осврна и на синоќешниот пораз од градскиот ривал во купот.
– Реал одигра одлично и им честитам за тоа. Но, мислам дека не заслуживме да изгубиме со 3:0. Што е, тука е, одиме понатака и се фокусираме на следните предизвици, рече предводникот на „јорганџиите“.
]]>


