Во периодот од 6 до 8 март во Сараево ќе биде изложен пехарот наменет за победниците на Светските првенства во фудбал. Трофејот во главниот град на Босна и Херцеговина ќе допатува од Прага со фудбалски авион кој нема бизнис класа туку само спортска класа.
Граѓаните на Сараево и цела Босна и Херцеговина чија репрезентација летово во Бразил за првпат ќе учествува на еден Мундијал, ќе имаат можност да се фотографираат со најмногу посакуваниот фудбалски трофеј.
Организатор на „Трофи Турата“ е компанијата „Кока-Кола“ која вредниот трофеј ќе го смести во соба со посебна намена, а специјален промотор ќе биде поранешниот југословенски фудбалски репрезентативец Предраг Пашиќ.
– Уште како дете кога имав 5-6 години за првпат на телевизија го видов овој трофеј. Тогаш легендарниот Пеле го дигна и го бакна. Тој момент ми остана во трајно сеќавање и беше пресуден за мојата идна професија, изјави Пашиќ.
]]>


