(ВИДЕО) Сочи 2014: Сноубординг натпреварувачите се откажуваат од олимпијадата

Изминативе денови неколку сноубордери кои требаше да се натпреваруваат во новата дисциплина слоупстајл беа повредени на тренинзите, и  дел целосно се откажаа од учество. Спортистите се жалат дека рампите на патеката се премногу високи и опасни за поминување.

Успешниот канадски сноубордер Шон Вајт се откажа од натпреварување во дисциплината слоупстајл, изјавувајќи дека се плаши за својата безбедност, бидејќи рампите и останатите пречки на патеката се неверојатно високи и речиси невозможни за поминување.

Неколку натпреварувачи се повредија вежбајќи на патеката, меѓу кои и Вајт, кој го повредил глуждот во вторникот. Марика Ен од Финска пак се здобила со потрес на мозок од лош пад на патеката. Норвежанецот Торстејн Хормго, еден од фаворитите, ја скрши клучната коска вежбајќи и нема да биде во можност да се натпреварува.

Иако биле направени измени по повредата на Хормго, натпреварувачите велат дека рампите сè уште се превисоки и дека скоковите од нив се како од 7-катна зграда.

Слоупстајот е за прв пат на Зимските олимписки игри во Сочи. Спортот вклучува движење на сноуборд и скокови од таканаречените рампи и изведување на трикови во воздух.

 ]]>

Најчитани вести