Струмички маабет: Со таа Влада „сичко е можно“, та дури и брако да стане бизнис заедница

Струмички маабет Ја шанса за да се фате последнио воз. Поубава можност за ергеенте и момите у Струмица здравее. Тва го можат само „генијални“ градоначалници. Дават по 30.000, 20.000 денари помош, 50 кила ракија и 100 кила вино. Ем без пари свадба, ем мома и маж по дома. И за тва не чекајте. Мојо предлог е уше утре на плоштадо у Свети Николе и на сред село у Лозово и – трк по мома или ерген. Не мора да им објаснате колку ќе се сакате, одма кажувајте им за предлого на нивните градоначалници. Е саа, после ка ќе помине свадбата и ка ќе се испиат ракиата и виинто вии ќе си ја мислете. Ама не се секирајте, Генијалците од Владата ќе ви помогнат да напраате по три деца и ја как ќе ви се исплне соно. А гарант беете разочарани до саа…си викаате ојдее си годиинте ништо не направииме. Има време за сичко. Со таа Влада как шо викат у Парламенто „сичко е можно“, та дури и брако да стане бизнис заедница, и тва профитабилна. Ќе си земат парички ергено и момата, ќе ќарат по 1.000 евра, ќе турат потписи на хартија и ќе си свиркат. А, пу една година ќе се разведат. Поголема перверзија од тва нема, а да не говораме за понижуваанто. До там ли им сече акло? Извор: 24strumica.mk]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести