(ВИДЕО) Дербито на Лига 1 без победник

Дерби натпреварот на 24.коло, а сезонава и на целото  Француско фудбалско првенство меѓу Монако и ПСЖ одигран на „Сент Луис“ во Монако синоќа заврши без победник 1:1.

Шампионот и лидер на табелата ПСЖ поведе со голот на Хавиер Пасторе во 8 минута, а изедначувањето се случи во 74.минута по автоголот на Тиаго Силва.

Со тоа разликата меѓу двете првопласирани екипи остана пет бодови во корист на ПСЖ.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Нант – Олимпик Лион 1:2, Ајачио – Рен 3:1, Генгамп – Ремс 1:2, Лил – Сошо 2:0, Монпеље – Евиан 1:1, Валенсиен – Ница 2:1, Олимпик Марсеј – Бастија 3:0 и Тулуз – Сент Етиен 0:0.

Поради многу вода на теренот од изболните врнежи од дожд дуелот Бордо – Лореин беше одложен.

Табела: ПСЖ 55 бодови, Монако 50, Лил 44, Сент Етиен 41, Олимпик Марсеј 39, Олимпик Лион 37,.

]]>

Најчитани вести