Натпреварувачите од Норвешка освоија најмногу медали по завршувањето на првите два натпреварувачки дена на Зимските олимписки игри кои од 7 до 23 февруари се одржуваат во рускиот град Сочи.
Норвежаните се закитија со вкупно седум медали од кои два златни, еден сребрен и четири бронзени.
На второто место на оваа табела е Холандија која има две злата, едно сребро и еден бронзен медал.
Третата позиција им припаѓа на натпреварувачите од САД кои се освојувачи на четири медали (две злата и две бронзи).
Четири медали имаат и Канада и Русија кои се на делба на 4 и 5.место.
Овие земји имаат по едно злато плус две сребрени и по еден бронзен медал. Освојувачи на медали уште се:
6. Австрија (1-злато; 1-сребро) 7. Германија (1-злато) 8. Полска (1-злато) 9. Словачка (1-злато) 10. Швајцарија (1-злато) 11. Шведска (2-сребра) 12. Чешка (1-сребро; 1-бронза) 13. Италија (1-сребро; 1-бронза) 14. Финска (1-сребро) 15. Словенија (1-сребро) 16. Велика Британија (1-бронза) 17. Украина (1-бронза).
]]>


