ЗОИ: Во Сочи ќе се вее и знамето на Индија

Покрај знамињата на земјите учеснички на ЗОИ во Сочи, од денеска ќе се вее и знамето на Индија, откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја укина суспензијата на Олимпискиот комитет на Индија.

По ова одлука на ИОК, спортистите од Индија на Свеченото затворање ќе можат да продефилираат под своето знаме за разлика од Свечената церемонија на отворањето на Игрите кога беа претставени под олимпиското знаме.

ИОК во декември 2012 година поради корупција во раководството го суспендира Индискиот олимписки комитет, а кон крајот на минатата година прати известување дека суспензијата ќе биде укината доколку се одржи ново Изборно собрание. Индијците на 9 февруари (два дена по почетокот на Игрите) избраа ново раководство на матичниот олимписки комитет.

Во ИОК беа задоволни од изборот и денеска ја укинаа суспензијата.

]]>

Најчитани вести