Германците Тобиас Вендл и Тобиас Артл се освојувачи на златниот медал во санкање.
Германскиот двоец до олимпиското злато стигнаа со најдобро вкупно време по двете трки од 1:38.933 минута. На тој начин Вендл и Артл ги обединија најпрестижните титули, светската и олимписката.
Шампионите пак од пред четири години во Ванкувер, браќата Андреас и Волфганг Лингер од Австрија, сега мораа да се задоволат со сребро.
Бронзата ја понесе уште еден двоец браќа, Андрис и Јурис Сицс од Летонија.
]]>


