Натпреварувачите од Германија се на лидерското место на табела на освоени медали по петтиот натпреварувачки ден на Зимските Олимписки игри во Сочи.
Германците со вчерашните две победи во дисциплините нордиска комбинација и санкање двојки сега имаат освоено 6 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал.
Три земји имаат освоено двоцифрен број медали, но помалку златни во однос на Германија и затоа се зад нив во пласманот на медалисти.
По Германите следуваат Канада 4-4-2 (златни-сребрени-бронзени), Норвешка 4-3-5, Холандија 4-2-4, САД 3-1-5, Швајцарија 3-0-1, Русија 2-4-3,…
Вкупно 14 држави имаат освоено златен медал на Игрите, а 24 држави имаат освоено медал по петтиот натпреварувачки ден.
]]>


