Кинеската Ли Џианру го освои златниот медал во дисциплината брзо лизгање на куси патеки. Таа должината од 500 метри на денешното натпреварување на ЗОИ во Сочи ја помина со време 45.263 секунди.
Втората позиција и припадна на Италијанката Ариана Фонтана која до среброто дојде со време 51 секунда и 250 стотинки.
Подиум обезбеди и трето пласираната во оваа трка, Сунг-Хи Парк од Јужна Кореја.
]]>


