ЗОИ: Боб-санка му ги скрши нозете на работник на патеката

Работник на патеката за боб на Олимпијадата во Сочи потешко е повреден кога бил удрен од боб-санка, јавија странските медиуми.

Инцидентот се случил на почетокот на тренингот на боб четворосед, кога пробниот боб кој се користи за проверка на патеката удрил во работник ангажиран за правење вештачки снег. Човекот останал да лежи на патеката со двете скршени нозе се додека на помош не пристигнале медицинските лица и волонтерите.

Поради инцидентот одложен беше почетокот на денешниот тренинг. Од Меѓународната боб и санкачка федерација се уште нема коментар за овој настан]]>

Најчитани вести