Во ракометната Лига на шампионите се одиграа два натпревара од 9.коло, а другите 10 дуели се играат во текот на викендот кога ќе настапат и македонските екипи Вардар и Металург.
Синоќа во борба за подобра позиција во Б групата дански Колдинг како гостин постигна победа против Висла со 26:25. Во средата Флензбург во дуел од Д групата ја победи екипата на Ла Риоха со 37:25.
Во сабота се играат натпреварите: Цеље – Мотор, Санкт Петербург – Рајн Некар Ловен, Веспрем – Загреб (А група); Данкерк – Порто (Б група) и Барселона – ПСЖ (Ц група), додека во недела на програма се дуелите: Кил – Киелце (Б група), Динамо Минск – Металург, Вардар – Вакер Тун (Ц група), Халмштад – Хамбург и Алборг – Горење (Д група).
Преглед на табелите: А група: Веспрем 15 бодови, Рајн Некар Ловен 12, Цеље 7, Мотор 7, Загреб 6, Санкт Петербург 1. Б група: Кил 14, Колдинг 12, Киелце 10, Висла 8, Порто 4, Данкерк 2. Ц група: Барселона 15, ПСЖ 11, Металург 9, Вардар 8, Динамо Минск 4, Вакер Тун 1. Д група: Флензбург 15, Хамбург 14, Алборг 8, Горење 6, Ла Риоха 6, Халмштад 1.
]]>


