Германија и натаму лидер според освоените медали

Спортистите од Германија и по 6.тиот натпреварувачки ден се најуспешните на Зимските Олимписки игри во Сочи според освоените медали.

Вчера Германците освоија злато во екипниот натпревар во санкање и сребро во биатлон натпреварувањето и сега имаат вкупно 7 златни, 2 сребра и 1 бронзен медал или вкупно 10 медали.

На втората позиција е Канада која има по 4 златни и сребрени медали и 2 бронзени или вкупно 10. Норвешка има освоено најмногу медали 13 (4 златни – 3 сребрени – 6 бронзени).

По нив следуваат: Холандија 12 (4-3-5), САД 12 (4-2-6), Швајцарија 4 (3-0-1), Русија 11 (2-5-4),…

Златен медал имаат освоено 15 држави, а вкупно 24 држави имаа освоено барем еден медал.

]]>

Најчитани вести