Македонскиот нордиец Дарко Дамјановски денеска ќе го има својот втор настап на Зимските Олимписки игри во Сочи.
Тој ќе се појави на стартот на трката во крос кантри 15 километри класично и има стартен број 79, а за овој натпревар пријавени се 92 натпреварувачи. Дамјановски на првиот настап во спринтот го освои 78.место.
Покрај трката во крос кантри 15 километри класично за мажи медали ќе бидат поделни и во алпска комбинација мажи, биатлон 15 километри жени, слободно скијање жени, скелетон жени и уметничко лизгање мажи.
На Игрите натпревари ќе се одржат во карлинг во двете конкуренции, квалификации во скокови кај мажите, додека во хокеј на мраз кај мажите ќе се играат натпреварите од 2.коло: Чешка – Летонија, Шведска – Швајцарија, Норвешка – Финска и Канада – Австрија.
]]>


