Фетус стар 44 години ѝ бил откриен во стомакот на 84 – годишна Бразилка, откако пензионерката била примена во болница поради болки. Лекарите биле изненадени кога виделе 28 неделно „скаменето бебе“ во матката на старицата.
Таа била однесена во државна болница во Порто каде што ѝ биле направени тестови и било откриено дека забременила пред 44 години.
Бразилката се сеќава дека тогаш добила силни болки и отишла кај надрилекарот во селото затоа што во тоа време таму немале лекар.
Пензионерката тврди дека тогаш надрилекарот ѝ дал некои лекови и откако таа ги испила се чувствувала подобро.
-Нејзиниот стомак не раснел веќе, бебето престанало да се движи и таа всушност имала абортусот, изјавил гинекологот што ја прагледал старицата.
И покрај фактот што фетусот умрел, тој останал во стомакот на жената чие тело се прилагодило.
-На ултразвукот го видовме лицето на бебето, коските, рацете, нозете и вратот, објаснил гинекологот.
Жената не сакала да ѝ го извадат фетусот, тврдејќи дека тоа е неприродно, но лекарите успеале да ја разубедат велејќи ѝ дека само така може да се спречат здравствените компликации.
Ова не е прв ваков случај. Во декември минатата година, на 82 – годишна жена од Богота ѝ откриле фетусот кој 40 години бил во нејзината матка.
]]>


