Руте: Европските сојузници го зголемуваат придонесот кон НАТО по намалувањето на американското учество

Европските сојузници го зголемуваат својот придонес со дополнителни сили кои можат да му бидат ставени на располагање на НАТО во случај на воена криза, а откако САД го намалија своето учество, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Минатиот месец Вашингтон ги информираше сојузниците за одлуката да го намали обемот на американските воени капацитети и сили што би биле достапни во случај на криза.

Оваа одлука ги отвори прашањата за тоа како и кога европските држави ќе ги пополнат празнините кои ќе произлезат од намаленото американско учество.

Руте истакна дека европските членки веќе преземаат конкретни чекори за зголемување на сопствените капацитети и за обезбедување дополнителни сили што ќе можат брзо да се активираат доколку има потреба од тоа.

Неговата изјава доаѓа во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, каде што една од главните теми ќе биде токму распределбата на одговорностите меѓу сојузниците и зајакнувањето на европските одбранбени капацитети. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести