Македонскиот нордиец Дарко Дамјановски го освои 81.то место на трката од 15 километри класично крос кантри на Зимските Олимписки игри во Сочи.
Дамјановски имаше време од 48:34.9 минути што беше за 10 минути и 5 секунди послабо од времето на победникот.
Златниот медал му припадна на Швајцарецот Дарио Колоња, кој патеката ја мина за 38:29.7 минути. Сребро го освои Јохан Олсон од Шведска, а бронзата му припадна на неговиот сонародник Даниел Ричардсон.
Дамјановски ќе настапи и во трката на 50 километри крос кантри.
]]>


