Двата најдобри македонски ракометни колективи Вардар и Металург денеска ќе ги играат своите натпревари од 9. коло во Лигата на шампионите. Во рамките од Д групата, македонскиот вицепрвак Металург ќе гостува во Белорусија на мегдан кај Динамо Минск во дуел кој ќе започне од 14 часот. Шампионот Вардар пред својата публика во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје од 18 часот ќе го започне натпреварот против Вакер Тун од Австрија.
Вчера во дербито од ова коло, Барселона на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров славеше убедлива победа против ПСЖ со 38:28 и го осигура првото место во оваа група.
Табела: Барселона 17 бодови (+1 натпревар повеќе), ПСЖ 11 (+1), Металург 9, Вардар 8, Динамо Минск 4 и Вакер Тун 1.
]]>


