Работнички му се реваншира на Куманово

 Кошаркарите на Работнички му се реваншираат на тимот на Куманово за поразот во четвртфиналето на Купот на Македонија, во првенствен дуел одигран вчеравечер во Куманово.

На дерби дуелот од 14.коло, на Првата машка кошаркарска лига, екипата на Работнички го победи Куманово со 67:62.

Првите три четвртини им припаднаа на гостите од Скопје со 15:14, 18:15 и 20:17, а само во последните десет минути подобри беа кошаркарите на Куманово со 20:14, но недоволно да го избегнат четвртиот сезонски пораз.

Ветеранот Горан Икоњиќ со 24 поени, 6 скокови, 4 украдени топки и 1 асистенција беше најзаслужен за победата на црвено-белите кои го презедоа првото место од Кожув.

Сега двете екипи имаат ист учинок од девет победи и еден пораз, но Гевгеличани денеска ќе го одиграат својот натпревар од ова коло и тоа во Скопје против Карпош Соколи.

Во вториот денешен меч во Битола составот на Пелистер Спорт ја пречекува екипата на Струмица.

Во првиот натпревар од ова коло одигран во петокот Фени Индустри го совлада Вардар Апаве со 81:71.

Слободна во ова коло беше екипата на Лирија која во дуелот вон конкуренција ја совлада младата репрезентација на Македонија со 102:69.

Табела: Работнички 19 бодови, Кожув 19, Лирија 18, Куманово 18, Струмица 15, Фени Индустри 15, Вардар Апаве 13, Карпош Соколи 11 и Пелистер Спорт 10.

]]>

Најчитани вести