Кошаркарите од „Истокот“ победijа во ноќешниот дуел против „Западот“ на „Ол стар“ натпреварот одигран во Њу Орлеанс. На крајот Исток славеше со 163:155. Кон средината на третиот период победникот направи пресврт и негативата од 18 поени, ја претвори во победа.
Признанието МВП (најкорисен) на натпреварот му припадна на играчот на Кливленд Кајри Ирвинг, кој постигна 31 поен (14/17 шут од игра), а имаше и 14 асистенции и 5 скокови.
Свое шоу имаа и Кевин Дјурант и Блек Грифин, кои постигнаа по 38 поени. Грифин имаше десетина забивања, а Кармело Ентони постигна 8 тројки.
Беа соборени уште неколку рекорди, а единствен без поен беше Дирк Новицки.
Дел од „Ол стар“ викендот во НБА лигата беше и македонскиот кошаркар Перо Антиќ, кој во петокот вечер беше дел од „Рисинг старс челинџ“, но поради повреда натпреварот го следеше од клупата.
]]>


