Камерата можна причина за кршењето на кацигата на Шумахер

Камерата поставена на заштитниот шлем што го носел Михаел Шумахер при несреќата на скијањето на француските Алпи е можна причина за повредата на седумкратниот шампион во Формула 1. „Дејли меил“ пренесува информации според кои луѓето што работат на истрагата на овој случај испитуваат зошто кацигата на Шумахер пукнала при падот.

– Се чини дека опремата што ја носел Германецот била во добра состојба и поради тоа се поставува прашањето зошто се скрши заштитниот шлем при ударот во каменот. Во моментот во лабораторија се испитува дали камерата ја ослабела кацигата, изјавил извор запознаен со полициската истрага.

Шумахер од крајот на минатата година се наоѓа во кома во болницата во Гренобл.

]]>

Најчитани вести