Фудбалерите на Торино со резултатски пресврт во второто полувреме синоќа ги освоија трите бода на гостувањето кај Верона.
Во дуелот со кој беше комплетирано 24.коло во Серија А, Верона поведе во 36.минута преку Лука Тони од пенал. За Торино погодија Чиро Имобиле (49.минута), Алесио Черчи (53) и Ел Кадури кој во 61.минута ги постави конечните 3:1.
По оваа победа Торино се изедначи со бодовите со Верона. Двата тима се на седмото и осмото место со по 36 бодови, колку што има и шесто пласираната Парма.
Резултати на другите натпревари од оваа рунда: Милан – Болоња 1:0, Фиорентина – Интер 1:2, Катанија – Лацио 3:1, Јувентус – Киево 3:1, Каљари – Ливорно 1:2, Сасуоло – Наполи 0:2, Аталанта – Парма 0:4, Рома – Сампдорија 3:0 и Џенова – Удинезе 3:3.
Табела: Јувентус 63 бодови, Рома 54 (натпревар помалку), Наполи 50, Фиорентина 44, Интер 39,.
]]>


