Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) одлучи финалниот натпревар од Суперкупт да се игра во Кардиф, Велс.
Натпреварот во кој се среќаваат освојувачот на Лигата на шампионите и победникот во Лига Европа ќе се одигра на 12 август со почеток во 20 часот и 45 минути.
– Кардиф бил домаќин на големи меѓународни натпреварувања, но за првпат ќе биде организатор на важно случување со УЕФА предзнак. Поради тоа Фудбалскиот сојуз на Велс е среќен што ќе биде домаќин на УЕФА Суперкупот, изјави директорот на велшкиот сојуз Џонатан Форд.
Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Кардиф кој има капацитет од 28 илјади гледачи.
]]>


