Екипата на Сосиедад забележа минимална победа од 1:0 на синоќешното гостување кај Малага. Стрелец на победничкиот гол беше Карлос Вела во 10.минута.
Со новите три бода од натпреварот со кој се комплетира 24.коло во Примера, Сосиедад се наоѓа на делба на 5 и 6.место со Виљареал. Двете екипи имаат освоено по 40 бодови.
Малага остана на 17.место со 24 бода или само три повеќе од екипата на Ваљадолид која се наоѓа во зоната на испаѓање.
На првите четири места на табелата се: Барселона 60 бодови, Реал Мадрид 60, Атлетико Мадрид 60 и Атлетик Билбао со 44 бодови.
]]>


