Во алпското скијање на Олимпијадата во Сочи денеска на програмата е женскиот велеслалом, а по одржаната прва трка води Словенката Тина Мазе со време 1:17.88 минути.
Со 52 стотинки заостанување на второто место се наоѓа Џесика Линдел-Викарби.
Како трето пласирана првата трка ја заврши Надија Фанчини од Италија.
Под една секунда заостаток зад водечката имаат и Ана Фенингер (Австрија) 0,85 и Микаела Шифрин (САД) 0,95.
Почетокот на втората трка е закажан за 10 часот.
]]>


