ЗОИ: Свендсен во фотофинишот до златото на биатлонот 15 км.

Во неизвесен фотофиниш Норвежанецот Емил Хегл Свендсен успеа да го освои првото место на денешната трка од ЗОИ во Сочи во дисциплината биатлон масовен старт мажи 15 километри.

Втората позиција и сребрениот медал му припаднаа на Мартин Фуркад (Франција). Тој со едно промашување на стрелиштето број 1 успеа да ги надомести загубените секунди од казнениот круг и на крајот да има исто време како победникот – 42:29.1 минути, но сепак фотофинишот беше во полза на Норвежанецот.

На подиумот место има и за Ондреј Моравец од Чешка кој со 13.8 секунди заостанување зад водечкиот тандем стигна до бронзата.

]]>

Најчитани вести