Штафетата на Јужна Кореја успеа да победи во натпреварот во шорт трек одржан денеска во Сочи. Составот на Јужна Кореја беше најуспешен во финалето на 3.000 метри и постигна време 4:09.498 минути.
Ова беше прв златен медал во шорт трек за Јужна Кореја во Сочи, а претходно во оваа дисциплина победуваа и на Игрите во Лилехамер 1994, Нагано 1998, Солт Лејк Сити 2002 и Торино 20006.
Сребрениот медал го освои составот на Канада (олимписки шампион од Албервил 1992), додека бронзата и припадна на Италија.
Олимписките шампионки од Ванкувер 2010 штафетата на Кина поради грешка беше дисквалификувана и не успеа да освои медал.
]]>


