Индијана поуспешна од Атланта

Најуспешниот тим во Источната конференција од НБА лигата Индијана ноќеска на домашен терен славеше победа над Атланта. Најефикасен на дуелот беше Пол Џорџ,кој постигна 26 оени, додека поради повредата и овој натпревар го пропушти македонскиот кошаркар Перо Антиќ.

Уште една успешна партија прикажа Леброн Џејмс, кој постигна за него рекордни 42 поена во победата на Мајами над Далас.

Резултати на ноќешните натпревари: Далас – Мајами 106:117, Индијана – Атланта 108:98, Мемфис – Њујорк 98:93, Филаделфија – Кливленд 85:114, Вашингтон – Торонто 93:103, Детроит – Шарлот 96:108, Милвоки – Орландо 104:100,  Денвер – Феникс 107:112 (по продолжение) и ЛА Клиперс – Сан Антонио 103:113.

Вечерва се играат 11 натпревари: Шарлот – Детроит, Кливленд – Орландо, Торонто – Чикаго, Атланта – Вашингтон, Минесота – Индијана, Њу Орлеанс – Њујорк, Феникс – Бостон, Јута – Бруклин, Портланд – Сан Антонио, Сакраменто – Голден Стејт и ЛА Лејкерс – Хјустон.

Пласман Источна конференција: Индијана 41-12 (победи-порази), Мајами 38-14, Торонто 29-24, Чикаго 27-25, Атланта 25-27, Вашингтон 25-28, Бруклин 24-27, Шарлот 24-30,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 43-12, Сан Антонио 39-15, Хјустон 36-17, ЛА Клипрес 37-19, Портланд 36-17, Феникс 31-21, Голден Стејт 31-22, Далас 32-23,.

]]>

Најчитани вести