ЗОИ: Шведска прв полуфиналист на машкиот турнир во хокеј

Хокеарите на Шведска се првите кои обезбедија место во полуфиналето на ЗОИ, откако претпладнево ја совладаа репрезентацијата на Словенија со убедливи 5:0.

Актуелниот светски шампион отпорот на Словенците го скрши во финишот на првата третина постигнувајќи го првиот гол во моментите кога имаше „пауер плеј“.

Во втората третина мрежите на двајцата голмани мируваа, додека последните 20 минути од натпреварот поминаа со доминација на Швеѓаните и ефикасна игра.

Стрелци на головите беа: Александер Стин (19.минута), Даниел Седин (42), Луи Ериксон (49), Карл Хагелин (52 и 57).

На крајот Шведска имаше двојно повеќе удари кон противничкиот гол (38:19) податок кој покажува колку скандинавската репрезентација беше надмоќна во овој дуел.

Двојките за другите три четвртфинални средби се: Финска – Русија, Канада – Летонија и САД – Чешка.

]]>

Најчитани вести