ЗОИ: Лигети прв Американец со златен медал во велеслалом

Тед Лигети од САД е победник на денешниот велеслалом од Олимпијадата во Сочи. Тој по двете возења оствари вкупно време од 2:45.29 минути, доволно да стане прв Американец кој победил во оваа олимписка дисциплина.

Голем успех постигнаа француските скијачи. Стив Мисилије откако беше 10.ти по првото возење, со најдобро време во втората трка или вкупно 2:45.77 успеа да стигне до среброто.

Неговиот сонародник Алексис Пинтуро со 64 стотинки заостанување зад победникот беше трет и го освои бронзениот медал.

Во машкото алпско скијање на Олимпијадата останува да се одржи уште слаломот закажан за 22 февруари.

]]>

Најчитани вести