Големо разочарување за домашните навивачи им приредија хокеарите на Русија кои доживеаја елиминација уште во четвртфиналната фаза на турнирот на Олимпијадата во Сочи. Попладнево Финска ја совлада „зборнаја“ со 3:1.
Домаќините први дојдоа во водство преку Илја Ковалчук во 8.минута. Финците изедначија по не цели две минути преку Јухамати Алтонен. Пресвртот во „Бољшои Ајс Дом“ го најави Тему Селане во 18.минута, а победата ја потврди Микаел Гранлунд во 26.минута.
Русите турнирот го завршуваат само со една победа (Словенија), одиграа два нерешени натпревара (со САД изгубија по пеналите, со Норвешка победија), а по денешниот пораз од Финска не ја оправдаа улогата на фаворит за највисок пласман.
По овој епилог на хокеарскиот турнир ќе се случи скандинавско полуфинале меѓу Финска и Шведска кој претпладнево во првото четвртфинале ја победи Словенија со 5:0.
Вечерва се играат другите две четвртфинални средби: Канада – Летонија и САД – Чешка. Победниците од овие натпревари ќе ја формираат втората полуфинална двојка.
]]>


