ЗОИ: Норвешка лидер по освоените златни медали

На четири дена до крајот на Зимските олимписки игри кои се одржуваат во Сочи, Норвешка се искачи на врвот на табелата на медалисти.

Норвежаните во текот вчерашниот ден освоија уште две златни медали и ја поминаа Германија која остана на осум најсјајни одличија.

Кон врвот се доближуваат и САД кои вчера се радуваа на едно прво место.

Биланс на освоени медали:

1. Норвешка (9 златни – 4 сребрени – 7 бронзени) 20 вкупно, 2. Германија (8-3-4) 15, 3. САД (7-5-11) 23, 4. Русија (6-9-7) 22, 5. Холандија (6-7-9) 22, 6. Швајцарија (6-3-1) 10, 7. Канада (5-9-4) 18, 8. Белорусија (5-0-1) 6, 9. Полска (4-0-0) 4, 10. Франција (3-2-6) 11…

Вкупно 20 земји имаат освоено барем по еден златен медал, а 26 држави се освојувачи на медали.

]]>

Најчитани вести