Венгер: Требаше да постигнеме три голови во првите 15 минути

Арсен Венгер, тренерот на Арсенал по поразот од Баерн Минхен изјави дека неговиот тим шансата за позитивен резултат ја пропушти во почетните минути.

– Одлично го започнавме натпреварот. Во првите 15 минути требаше да дадеме три гола. Не успеавме да реализираме и подоцна бевме казнети. Секоја екипа па така и Баерн има свои слабости и ќе се обидеме нив да ги искористиме во реваншот во Минхен. Тоа ќе биде тешко, но не се откажуваме без борба, истакна Венгер.

Арсенал синоќа на домашен терен со 2:0 го загуби првиот дуел од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите со бранителот на трофејот Баерн Минхен.

]]>

Најчитани вести