ЗОИ: Француска доминација во дисциплината ски крос, Норвежаните најдобри во комбинација

Тројна победа постигнаа француските акробатски скијачи во дисциплината ски крос слободен стил на Зимските олимписки игри во Сочи.

Златниот медал го освои Жан Фредерик Шапи, среброто отиде кај Арноа Боволент, додека бронзениот медал е за Жонатан Мидол.

Во дисциплината нордиска комбинација екипно (скокови + штафетна трка 4х5 километри) победи репрезентацијата на Норвешка.

За норвешките спортисти ова беше 10.то злато на Олимпијадата.

Второто место го освои составот на Германија, а трети во оваа нордиска дисциплина беа натпреварувачите од Австрија.

]]>

Најчитани вести