Американката Лорин Вилјамс освои сребрен медал во боб трката на Зимските олимписки игри во Сочи и стана една од петте спортисти кои успеале да освојат медал и на зимска и на летна Олимпијада.
Вилијамс се занимава и со атлетика, а патот кон историскиот успех го започна на ЛОИ во Атина 2004 година освојувајќи сребрен медал во дисциплината штафета 4х100, а на Игрите во Лондон 2012 во истата дисциплина се закити со злато.
На вчерашната трка во боб двосед Вилијамс настапи заедно со Елејн Мејерс. Тие на крајот заврши на второто место зад тимот од Канада. Само една десеттинка од секундата ја делеше Вилијамс да постане првата спортистка со освоени златни медали од ЛОИ и ЗОИ. Кај мажите тоа го има направено Еди Иган.
Пред Американката одличја од зимски и летни Игри освојувале: Клара Хјуз од Канада (велосипедизам и брзо лизгање), Криста Лудинг од Германија (велосипедизам и брзо лизгање), Јакоб Тулин Тамс од Норвешка (едрење и ски-скокови) и Еди Иган од САД (бокс и боб).
]]>


