Работнички убедлив против Фени Индустри

Кошаркарите на Работнички во последниот натпревар од 13.коло од Првата лига синоќа во салата во „Градски парк“ во Скопје го победија Фени Индустри со 94:72. На вториот натпревар од ова коло одигран вчера Струмица славеше над Карпош Соколи со 83:56.

На претходните два дуела одиграни во средата: Кожув – Лирија 88:82 и Вардар Апаве – Пелистер Спорт 76:68.

Табела: Кожув 23 бодови (12 натпревари), Работнички 21 (11), Лирија 19 (11), Струмица 19 (12), Куманово 18 (11), Фени Индустри 16 (12), Вардар Апаве 15 (12), Карпош Соколи 13 (11) и Пелистер Спорт 12 (12).

]]>

Најчитани вести