Одиграни натпревари од седмото коло од Евролигата

Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграа четири натпревари од 7.коло, а уште толку ќе бидат одиграни вечерва. Победи постигнаа екипите: Барселона, Армани Милано, Панатинаикос (Е група) и Галатасарај (Ф група).

Резултати и двојки од 7.коло: Лаборал – Барселона 68:80, Армани Милано – Малага 70:59, Панатинаикос – Олимпијакос 66:62 (Е група) и Партизан – Галатасарај 70:78 (Ф група).

Вечерва се играат натпреварите: Анадолу Ефес – Фенербахче (Е група), ЦСКА Москва – Макаби, Баерн Минхен – Локомотив Кубан и Реал Мадрид – Жалгирис (Ф група).

Табела Е група: Барселона 7-0 (победи-порази), Армани Милано 4-3, Олимпијакос 4-3, Панатинаикос 4-3, Малага 3-4, Фенербахче 2-4, Анадолу Ефес 2-4, Лаборал 1-6.

Табела Ф група: ЦСКА Москва 5-1, Макаби 5-1, Реал Мадрид 5-1, Локомотив Кубан 3-3, Галатасарај 3-4, Баерн Минхен 2-4, Жалгирис 1-5, Партизан 1-6.

]]>

Најчитани вести