Слаба ефикасност и четири натпревари кои завршија 0:0 се белегот на првите натпревари од 16-тина финалето на Лига Европа на УЕФА. Беа постигнати само 27 голови, а 15 од 32-те екипи не дадоа гол.
Горан Пандев за Наполи играше во последните минути на гостувањето кај Свонси откако во игра влезе во 84.минута на местото на Игуаин.
Преглед на резултатите: Анжи – Генк 0:0, Черноморец – Олимпик Лион 0:0, Динамо Киев – Валенсија 0:2, Днипро – Тотенхем 1:0, Есбјерг – Фиорентина 1:3, Јувентус – Трабзон 2:0, Либерец – АЗ 0:1, ПАОК – Бенфика 0:1, Ајакс – Салцбург 0:3, Бетис – Рубин Казан 1:1, Лацио – Лудогорец 0:1, Макаби Тел Авив – Базел 0:0, Марибор – Севиља 2:2, Плзен – Шахтјор 1:1, Порто – Ајнтрахт Франкфурт 2:2 и Свонси – Наполи 0:0.
Реванш натпреварите се играат на 27.февруари.
]]>


