Првакот во НБА лигата Мајами постигна убедлива победа (22 поена разлика) на гостувањето кај тимот со најдобар биланс во лигата Оклахома Сити. Мајами предводен од Леброн Џејмс ноќеска победи со 103:81 и доколку продолжи со добрите резултати има шанси да избие на првата позција во Источната конференција.
Леброн Џејмс натпреварот го заврши со 33 поени, а одлична „помош“ имаше од Двејн Вејд и Крис Бош кои реализираа по 24 поени. Кај домашните Кевин Дјурант постигна 28 поени.
На другите два натпревара одиграни ноќеска: Милвоки – Денвер 90:101 и Голден Стејт – Хјустон 102:99 по продолжение.
Вечерва се играат десет натпревари: Шарлот – Њу Орлеанс, Орландо – Њујорк, Филаделфија – Далас, Торонто – Кливленд, Детроит – Атланта, Чикаго – Денвер, Мемфис – ЛА Клиперс, Феникс – Сан Антонио, Портланд – Јута и ЛА Лејкерс – Бостон.
Пласман Источна конференција: Индијана 41-13 (победи-порази), Мајами 39-14, Торонто 29-25, Чикаго 28-25, Вашингтон 26-28, Бруклин 25-27, Атланта 25-28, Шарлот 25-30,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 43-13, Сан Антонио 40-15, Хјустон 37-18, ЛА Клиперс 37-19, Портланд 36-18, Феникс 32-21, Голден Стејт 33-22, Далас 32-23,.
]]>


