Она што го знаат бебињата може да ве преплаши

Се сеќавам кога моите ќерки, кои сега имаат шест и седум години, имаа само по неколку месеци. „Слатки“ е зборот кој најчесто ми паѓа на ум. Додека минував неброени часови – како и секоја мајка – гледјќи ги вљубено буцместите обравчиња и заспаните очиња на моите ќерки, често се прашував: „Какви мисли ви минуваат низ главата?“

Излегува дека можеби имало и нешто  повеќе отколку што можев да си претпоставам.

Според истражувањето кое го спроведе Когнитивниот центар за новороденчиња на Универзитетот Јејл, познат и како „Бејби лаб“, бебињата всушност можат да разликуваат добро од зло, дури и на три месечна возраст.

Со скептиците кои велат „Абе ајде, како може новороденче да прави разлика помеѓу лош и добар човек? – се согласувам. Нашето општо мислење е дека бебињата се раѓаат како празен лист хартија и од нас учат за разликите за доброто и злото. Но истражувањето отсликува сосема друга слика. Се користат кукли за да се прикаже добро и лошо онесување. Во еден пример, куклите се обидуваат да отворат кутија. Едната кукла, „добрата“ кукла, се обидува да се отвори кутијата, додека другата, „лошата“ кукла, насила и со тресок ја затвора кутијата.

Повеќе од 80 проценти од времето додека се изведувал експериментот, бебињата ја одбирале „добрата“ кукла кога ќе им биле претставени двете кукли, а им се давало шанса да одберат една од двете.

– Луѓето се раѓаат со цврсто всадена моралност, чувството за добро и лошо ни е всадено во коските, напиша Пол Блум, професор по психологија во Институтот Брукс и Сузан Рејген на Јејл, во колумна објавена на cnn.com

Блум, кој е автор на книгата „Само бебиња: Потеклото на доброто и злото“, соработувал на истражувањето со неговата жена Карен Вин, професор по психологија на Универзитетот Јејл.

– По природа сме морални битија, но нашето опкружување може да го засили – но за жал и да го намали – ова вродено чувсвтво на моралност, вели Блум.

Па сега се прашувам дали за време на оние месеци додека мислев дека моите бебиња имаат нула претстава за светот околу нив, сум направила нешто што не сум смеела да го сторам. Лиз Ленц, која пишува за родителство на истата веб страна и е мајка на скоро три годишна ќерка и седум месечен син, се прашува истото нешто.

– Кога бев бремена со ќерка ми, читав за историјата на нашата култура за перцепцијата за злото, и доста ја гледав серијата „Декстер“, вели Ленц Од Седар Рапидс, во Ајова, упатувајќи на серијата која оди на Шоутајм за еден сериски убиец.

– Потоа, кога завршуваше периодот на доење на моите деца, ги гледав сите епизоди од „Демиџис“ (Штети), каде Глен Клоуз игра зол адвокат. Она што сакам да го кажам е дека ако мојата ќерка до својот петти роденден не убие некого, тогаш нема смисла ни да се надевам дека ќе го стори тоа, се шегува Ленц која исто така има свој блог на страната Бејби зоун.

Многу жени со кои муабетев преку е-пошта или на Фејсбук, вистински се изненадени кога дознаа дека толку нешта минуваат низ умовите на нашите најмили малечки.

Џесика Мекфејден, која има блог „Родителот во Америка“, и е мајка на три деца, се сеќава кога нејзината ќерке Елис била стара само четири месеци.

– Веднаш ќе почнеше да брбори – се колнам – кога ќе ја здогледаше големата семејна фотографија која висеше на зидот, вели Мекфејден од Силвер Спринг. Фотографијата била направена пред раѓањето на ќерка и, и на неа биле сите – освен неа самата.

– Навистина изгледаше вознемирено што таа не е на сликата, а ова беше многу пред да почне да јаде цврста храна. Потоа кога сликата беше заменета со друга на која се наоѓа и таа, цикаше од среќа, се смееше и мафташе со рачињата, и весело ја погледнуваше кога поминувавме покрај фотографијата, вели таа.

Бет Инглмен е самохрана мајка на осумгодишно машко дете во Чикаго, и се присеќава што се случило и како се однесувал нејзиниот снн кога поранешната „свекрва“ доаѓала да ја види, а тој имал само неколку недели.

– Кога и да го земеше во раце, тој плачеше и врескаше. Кога го преземав јас, беше фин, смирен и среќен, вели Инглмен, ко-основач на блогот „Мама на врвка“. „Моите внуки ми велат дека Џексон (син и) бил одличен проценувач на луѓето, дури и на две недели“.

Истражувањето покажува, вели Блум, дека децата стари само неколку месеци можат да го проценат карактерот на некоја личност – и ќе ја одберат „добрата“ кукла наместо „лошата“.

Но Блум вели дека истражувањето покажува и нешто друго кое ги збунува родителите. Блум вели дека бебињата се раѓаат со вродена наклонетост, и се почнува како „мали мангупи кои жестоко го делат светот на `нас против нив`, и силно се приврзани на нивната група против сите останати“.

– Тие ги сакаат куклите кои имаат ист вкус како и тие, и ги сакаат куклите со различни вкусови – ги сакаат куклите кои ги казнуваат, рече Блум додека разговаравме на Гугл плус. „Па уште од најрана возраст еден од најтрагичните апсекти на човештвото е тоа како го делиме светот на `нас против нив`, а ова го откривме при тестовите на најрана возраст“.

Ова сознание не само што ни создава почит за тоа што се минува низ умовите на нашите деца, туку ни помага и нам како родител да се справиме со некои морални дилеми, како што е расизмот, вели Блум.

Кога е важно да ги научиме децата дека луѓето природно се разликуваат во групи како што се семејства и пријатели – и да им даваме повеќе важност на овие луѓе во нашите животи – исто така е важно и да се разјасни дека не е прифатливо да ги делиме луѓето според разлики како што е бојата на кожата, вели Блум кој и самиот е татко на двајца тинејџери.

– Па ако разбереме дека децата доаѓаат на свет со нивни сопствени верувања и проценки и убедувања и очекувања, тогаш повеќе ќе ги цениме, а тоа ќе ни олесни во вашето родителствување помагајќи ни да ги превориме во поморални битија.

На основа на тоа, ми се допадна тоа што го кажа Ленц, авторот во Бејбл: „Децата знаат дека светот е длабок и темен, и светол и прекрасен. Не треба да ги учиме за тоа. Всушност, треба да ги научиме како да се борат против монструмите, и цврсто да се држат за тоа што е исправно и добро“.

]]>

Најчитани вести