Во Металург посакуваат со борбеност да ги намалат проблемите во составот на дуелот со Барселона

Македонскиот ракометен претставник во Лигата на шампионите Металург во недела, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, го игра последниот натпревар од Ц групата со шпанскиот првак Барселона. Оваа екипа е една од двете непоразени во ЛШ заедно со унгарски Веспрем.

– На првиот натпревар во Барселона немаа милост за нас не победија убедливо (35:17). Барселона ќе биде мотивирана да остане непоразена во групата. Барселона е фаворит број 1 за освојување на Лигата на шампионите, а нашите играчи имаат добар мотив и ќе мораме со борбеност да ги намалиме проблемите со повредите на Наумче Мојсовски и на Павел Атман (ќе игра во зависност по потребите). Нашата одбрана ќе биде на мака пред налетите на Рутенка, Карабатиќ и на нашиот Лазаров, а ние последно време тешко играме во нападот. Сепак очекувам добар натпревар ние сме веќе пласирани во ТОП 16 фазата и затоа треба со добра игра да им се одложиме на навивачите, изјави на денешната прес-конференција тренерот на Металург, Лино Червар.

Во отсуство на Мојсовски, товарот на играта е кај Филип Миркуловски. – Ќе играме најдобро што можеме против големата Барселона и ќе се обидеме да постигнеме позитивен резултат. Ќе мораме да ја подобриме и играта во одбрана, а потребно ќе биде да играме што е можно по ангажирано, рече Миркуловски.

Дуелот Металург – Барселона се игра во недела со почеток во 18 часот, а ден претходно во Париз играат ПСЖ и Вардар и во зависност од исходот на тој натпревар ќе зависи и на кое место ќе се пласираат македонските екипи во Ц групата.

Во фазата ТОП16 (се игра нок аут со елиминации) пласирани се Барселона, ПСЖ, Вардар и Металург.

]]>

Најчитани вести