Шалке и Мајнц ремизираа

Во натпреварот со кој започна 22.коло во германската Бундес лига, синоќа во Гелзенкирхен, домашната екипа Шалке и Мајнц одиграа нерешено без голови 0:0.

За гостите целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Николче Новески. Шест натпревари од оваа рунда се играат денеска. Двојките се: Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм, Штутгарт – Херта, Нирнберг – Ајнтрахт Брауншвајн, Фрајбург – Аугсбург, Хамбургер – Борусија Дортмунд и Волфсбург – Баер Леверкузен.

Колото ќе биде комплетирано утре со средбите Ајнтрахт Франкфурт – Вердер и Хановер – Баерн Минхен.

Табела: Баерн Минхен 59 бодови, Баер Леверкузен 43, Борусија Дортмунд 42, Шалке 41 (натпревар повеќе), Волфсбург 36, Борусија Менхегладбах 34, Мајнц 34,.

]]>

Најчитани вести