Втор пораз по ред за Оклахома Сити

По вториот пораз во серија Оклахома Сити не е повеќе најуспешна екипа во НБА лигата. Откако претходно загуби од Мајами, синоќа пред своите навивачи Оклахома беше поразена и од ЛА Клиперс со 125:117 и ова беше прв натпревар на кој Кевин Дјурант постигна повеќе од 40 поени (42 поена) и 10 асистенции, а неговата екипа да загуби.

Најефикасен кај победникот беше Џамал Крафорд со 36 поени.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Мајами – Чикаго 93:79, Кливленд – Вашингтон 83:96, Торонто – Орландо 105:90, Денвер – Сакраменто 95:109, Феникс – Хјустон 112:115, ЛА Лејкерс – Бруклин 102:108 и Портланд – Минесота 108:97.

Вечерва се играат пет натпревари: Филаделфија – Милвоки, Детроит – Голден Стејт, Њујорк – Далас, Њу Орлеанс – ЛА Клипрес и Јута – Бостон.

Пласман Источна конференција: Индијана 42-13 (победи-порази), Мајами 40-14, Торонто 31-25, Чикаго 29-26, Вашингтон 28-28, Бруклин 26-28, Шарлот 27-30, Атланта 26-29,…

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 43-14, Сан Антонио 40-16, Хјустон 38-18, Портланд 38-18, ЛА Клиперс 38-20, Голден Стејт 34-22, Феникс 33-22, Далас 34-23,.

]]>

Најчитани вести