Гонзалес: Вардар секогаш ќе игра на победа

Во пресрет на утрешниот натпревар против Војводина, тренерот на Вардар Раул Гонзалес изјави дека неговиот тим оди на победа за помирно да се дочека завршницата од првиот дел во регионалното натпреварување.

– Не очекува многу важен натпревар. Победата во Прешов ни ја олесни ситуацијата за да влеземе помалку оптоварени во утрешниот дуел, во кој очекуваме да ги освоиме бодовите кои ни се потребни за финалниот турнир. Ние секогаш се бориме за победа, без оглед против кого играме, но најважно ни е да ја воиграме екипата што подобро, затоа што целта ни е постојано да ја унапредуваме формата. Што се однесува до нашите амбиции, најпрвин треба да се избориме за настап во „Фајнал фор“, а потоа да се бориме за највисок пласман, изјави Гонзалес на денешната прес-конференција.

Бекот Илија Абутовиќ верува дека македонскиот шампион нема да има проблеми ако сите играчи го дадат максимумот.

– Имавме напорни седум дена, и физички а и психички, во кои одигравме два тешки натпревара. Војводина има одлична екипа, особено во одбраната, каде што играат многу цврсто, но ние ќе влеземе максимално мотивирани и ангажирани, и затоа верувам дека нема да имаме проблеми да дојдеме до победата, рече Абутовиќ.

Натпреварот од 14 коло во СЕХА лигата меѓу Вардар и Војводина, се игра утре во СРЦ “Кале“ со почеток од 17 часот и 45 минути.

]]>

Најчитани вести