Екипите на Хал и на Чарлтон се последните две кои изборија пласман во четвртфиналето на ФА Купот.
На синоќа одиграните повторени натпревари од 5.коло двете екипи постигнаа идентична победа од 2:1. Хал славеше над Брајтон на домашен терен, додека Чарлтон беше поуспешен на гостувањето кај Шефилд Венсдеј.
Во четвртфиналето ќе има два дуела на премиерлигаши: Арсенал – Евертон, Хал – Сандерленд, реприза на ланското финале Виган – Манчестер Сити и дуел меѓу Шефилд Јунајтед – Чарлтон.
Натпреварите ќе се играат на 8 и 9 март.
]]>


