Кошаркарите на Будуќност остварија важна победа на синоќешното гостување кај Унион Олимпија во Љубљана и со тоа ги задржаа шансите за пласман на завршниот „Фајнл фор“ турнир во АБА лигата.
Црногорскиот претставник победи со 73:69 за победа број 13, а за Олимпија ова беше 13.ти сезонски пораз во регионалното натпреварување.
Претходно се одиграа другите натпревари од 21.коло. Постигнати се следниве резултати: МЗТ Скопје Аеродром – Задар 78:69, Шолнок – Игокеа 79:72, Раднички – Цедевита 61:78, Широки – Мега Визура 72:86, Цибона – Крка 92:78 и Црвена Звезда – Партизан 63:57.
Табела: Црвена Звезда 17-4 (победи-порази), Цедевита 16-5, Партизан 14-7, Цибона 14-7, Будуќност 13-8, Игокеа 12-9, МЗТ Скопје Аеродром 10-11, Мега Визура 9-12, Крка 9-12, Раднички 8-13, Олимпија 8-13, Шолнок 7-14, Широки 5-16 и Задар 5-16.
]]>


